Прослави го најслаткиот месец во годината со Краш!

Кога улиците ќе заблескаат со новогодишни лампиони, а низ замаглените прозорци провируваат весели лица, додека децата на клупите се држат за раце и се смеат, Краш ве поканува да се препуштите на магијата и да го прославите најслаткиот месец во годината.

Тогаш се враќаме на споделување радост, на традицијата на дарување и создавање драгоцени моменти со вкусови кои ги обележале генерациите. Од магичната фабрика на Краш пристигнуваат низа слатки кои будат стари спомени и создаваат нови. Познатите вкусови се облечени во празнично руво, омилените чоколади се збогатени со нови приказни, а чоколадните вафли мирисаат на портокал.

Празничната имагинација се огледува во вкусовите на Дорина – млеко, кекс и ноисет  – кои се украсени со својата препознатлива црвена боја, а новата Дорина Speculaas совршено се вклопува во зимската атмосфера, носејќи малку неочекуван, а сепак близок мирис на празнични колачиња. Имаме добри вести за сите љубители на чоколадо кои секогаш бараат уште една коцка – овие празнични чоколади доаѓаат во нови слатки формати од 160 грама.

И најмалите го пронаоѓаат својот момент на воодушевување во слатките кои ги препознаваат уште пред да го отворат подарокот. Ki-Ki бонбоните се уште пошарени, а Bananko mini и Tortica mini уште повесели во зимско издание. За посебно радосни моменти на дарување, Краш ги носи слатките пакетчиња кои ги обединува Bananko, Tortica, Ki-Ki, Dorina, Frondi и Čoksa и ги испреплетува препознатливите вкусови од детството.

Враќањето на големиот хит кој ја носи познатата топлина на домот, сега збогатена со свежа цитрусна нота, значи само едно – на слатката трпеза ќе се најде Domaćica со вкус на бело чоколадо и цимет со додаток на портокал. Друштво ќе ѝ прави и омилениот чоколаден вафл, исто така дополнет со празнична нота – Choco Napolitanke портокал.

Со Краш, слатките моменти стануваат празнични спомени кои ќе ги паметите и споделувате, од година во година. Влезете во богатиот и разигран свет на слатки и откријте зошто токму сега е најслаткиот месец во годината.