Нивната супермоќ е љубопитноста, а нивен сојузник е Животинското царство – тоа се Љубопитковците!

Имаат неверојатна способност да впиваат информации, внимателно го набљудуваат светот околу себе, постојано поставуваат прашања и тешко се препознаваат затоа што изгледаат… сосема обично. Се прашувате за кого се работи? Тоа се Љубопитковците и постојат уште од памтивек!

Неисцрпната љубопитност и впивањето нови информации се нивните супермоќи, а во нивната мисија им помагаат албумот Животинско царство и Краш чоколадите. Затоа, за сите мали, но и големи истражувачи кои светот околу себе го набљудуваат преку прашања и откритија, а секое животно, сликичка или момент го претвораат во нова можност за учење, Краш ја лансира платформата – Љубопитковци.

Тие веројатно веќе знаат дека јазикот на синиот кит е тежок колку еден цел слон или дека октоподот има три срца, а мозокот му се наоѓа во секој крак! А сето ова и мнооогу повеќе може да се истражи на платформата Љубопитковци. Како и во актуелниот албум Животинско царство, и тука учествуваа зоолози кои одговараа на прашања за животинскиот свет, а со избор на одреден регион може да дознаете повеќе за автохтоните видови во тој крај, како и да откриете многу неверојатни факти за чудесни животни.

Кога сме кај занимливостите – знаете ли дека чоколадцето што денес го знаеме како Животинско царство е едно од најтенките во светот? Првпат е произведено во далечната 1931 година, а во своето 95-годишно постоење, освен во регионот, во неговиот вкус уживале во сите континенти, во повеќе од 50 земји во светот. Една уникатност што го издвојува е и малиот ритуал што доаѓа со секое чоколадце – сликички со кои генерации растеле учејќи за животинскиот свет низ различни изданија на албумот. Најнов додаток на оваа приказна се и креативни графомоторички вежби скриени во пакувањето на чоколадцето.

Životinjsko Carstvo Znatiželjci

Исто така, знаете ли дека албумот Животинско царство е една од најдолговечните програми за лојалност во светот? Дури и во ова дигитално време, неговата привлечност не избледува, со децении мали и големи љубопитковци собираат, се разменуваат и внимателно лепат сликички во своите албуми.

Затоа поттикни ја својата љубопитност и истражи ја новата платформа Љубопитковци и интересниот свет на Животинското царство на Краш!

Životinjsko Carstvo čokoladice, album i sličice